За разлика од Facebook, кој го користат милијарди луѓе, Twitter не успеа да постигне толку голема популарност. Да, има поединци кои имаат милиони следбеници на оваа мрежа и успешно ја користат за ширење на своите идеи и ставови (дали воопшто треба да се потсетиме на поранешниот американски претседател Доналд Трамп или шефот на Тесла, Елон Маск).
Но, повеќето корисници се само – набљудувачи. Истражувањето спроведено од Pew Research Center, кое се фокусираше на корисниците во САД, покажа дека дури 49 отсто од корисниците ја користат мрежата за – следење други.
Поточно, тие објавуваат помалку од пет твитови месечно, а дури и кога објавуваат тие се главно одговори на нечии твитови. Овие „набљудувачи“ многу ретко објавуваат своја содржина, но и ретко го посетуваат Twitter. Податоците покажуваат дека само 21 отсто го посетуваат Twitter дневно, 38 отсто неделно, додека дури 41 отсто го посетуваат само неколку пати месечно.
Но, интересен факт е дека „набљудувачите“ најчесто го посетуваат Твитер за да видат што имаат да кажат другите, а многу ретко го искажуваат своето мислење. Како што самите истакнуваат, Twitter им служи за забава и информирање.
„Набљудувачите“ следат во просек по 105 профили, а само околу 15 ги следат. За споредба, кај активните корисници следат над 400 профили, а се заследени од 159 профили.
Според студијата, повеќето твитови биле објавени од релативно мал број екстремно активни корисници. Нивната содржина, пак, го поттикнува разговорот на претежно активните корисници, додека „набљудувачите“ ретко одговараат или ретвитуваат таква содржина.
Конечно, треба да се забележи дека Twitter го користат нешто повеќе од 77 милиони луѓе во САД, додека надвор од САД е најпопуларен во Јапонија со нешто повеќе од 58 милиони корисници.
Извор: Zimo.hr