Истражување кое траело цели 32 години, а кое го спровело Медицинскиот факултет Пенстејт во Пенсилванија, покажало кои намирници треба да ги јадеме со доза на внимателност. Потенцијалната опасност е во фактот што говедското, пилешкото месо и млечните производи содржат сулфурни аминокиселини.
Студијата покажала дека консумирање на голема количина од тие киселини може да доведе до ризик од кардиоваскуларни болести, па дури и до смртоносен исход.
Kога истражувачите ги прегледале резултатите од речиси 120.700 учесници од две долготрајни студии, забележале дека оние кои консумирале двојно поголема количина сулфурни аминокиселини преку исхраната се смета дека имаат 12 отсто зголемен годишен ризик од развој на кардиоваскуларни болести и 28 отсто зголемен ризик од смрт.
Исто така откриле дека најголем дел од сулфурните аминокиселини доаѓаат од храната како говедско месо, пилешко месо и млечни производи.
„Во новото истражување се истакнува дека исхраната богата со животински белковини е поврзана со лошото здравје. А, типичната американска исхрана содржи премногу од тоа“, вели нутриционистката Лиса Јанг.
„Студијата исто така покажува дека исхраната која е здрава за срцето треба да вклучува овошје и зеленчук и растителни протеини, како грашок и јаткасти плодови наместо месо и млечни производи“.
„Не мора да ја елиминираме храната богата со сулфурни аминокиселини, како месото и млечните производи, но треба да ја ставиме на минимум и повеќе да консумираме поздрава хранa“, вели нутриционистката.
Извор: 24sata.hr