Јапонската компанија Kawasaki ја претстави роботската коза Bex на меѓународниот саем за роботи во Токио. Дизајнот на роботот со четири нозе е инспириран од Ibex, вид дива коза која живее во Евроазија и Африка.
Роботската коза Bex е производ на програмата Kaleido на Kawasaki, која се фокусираше на развивање роботи со две нозе од 2015 година. Сепак, инженерите на Kawsaki одлучија да направат робот кој може да се движи побрзо на рамно тло, но и полесно да совлада терен со препреки. Како што може да се види, Bex има сет од тркала во пределот на колената, кои ѝ овозможуваат побрзо да се движи на рамни површини во споредба со темпото што го користи при одење.
Роботот може да носи околу 100 килограми товар, а покрај транспортот на градежни материјали и слично, би можел да врши и инспекции на индустриски локации, исто како што тоа го прави веќе познатиот робот Spor во фабриките на Hyundai во Јужна Кореја.
Половина од Bex е целосно модуларна, така што не мора да изгледа како коза. Сепак, реакциите во јавноста се дека во време на забрзан раст на роботиката, нема многу смисла еден нов робот да биде „отелотворен“ токму во коза.
Извор: Klix.ba