Астрономи од Универзитетот Мекгил во Монтреал, Канада, тврдат дека идентификувале осум радиосигнали кои се со повторлив интервал, пишува „Сајенс алерт“. Изворот на сигналите, кои се нарекуваат и „брзи радиоимпулси“, не е познат, но научниците претпоставуваат дека станува збор за сосема природна појава.
Два извора ги испратиле сигналите ФРБ-180916 и ФРБ-181119, првиот 10 пати и вториот – трипати. Притоа, најдолгата пауза меѓу забележаните радиобранови била 20 часа. Според експертите, ова може да укажува на повторување.
Освен тоа, ФРБ-180916 има пониски показатели на распространување на сигналот, што значи дека неговиот извор е релативно поблиску до Земјата. Брзите радиоимпулси траат неколку милисекунди и се поврзуваат со ослободување огромно количество енергија во вселената, како што е изумирање на една ѕвезда.
Изворот на ФРБ-121102, на пример, за којшто се сметаше дека е неутронска ѕвезда во згаснување, испраќаше сигнали во 2012 година и меѓу 2015 и 2017 година.
Поврзани артикли