Иако најпрвин се очекуваше дека Apple ќе го претстави новиот Mac Pro подоцна оваа година, уредот се чини дека е одложен за 2023 година.
Според аналитичарот и новинар Марк Гурман, освежениот Apple Mac Pro може да го користи чипсетот M2 Extreme (име што аналитичарот верува дека ќе го носи чипот). За време на својата презентација на настанот Peek Performance минатата недела, Apple спомена дека M1 Ultra ќе биде најновиот чип на компанијата од M1 серијата.
Според него, Apple ќе користи повеќе M1 Ultra чипови во Mac Pro компјутерот или како што тврди Гурман тоа ќе биде M2 Extreme. Исто така, се верува дека ова е една од причините зошто Apple го одложи објавувањето на Mac Pro за 2023 година.
Многумина се прашуваат како Apple ќе пристапи кон освежувањето на Mac Pro. Ова е моментно најмодуларниот компјутер на компанијата и ќе биде интересно да се види како Apple ќе му пристапи на овој концепт со сопствени чипови.
I