Activision потврди дека нејзината игра Call of Duty: Warzone ќе биде достапна и на мобилни уреди.
Activison соопшти дека подготвува сосема ново искуство за играње на мобилни уреди што ќе донесе возбудлива, флуидна и одлична акција во Warzone за гејмерите во движење.
Играта наводно е развиена со користење на најсовремена технологија и дизајнирана да ги забавува гејмерите ширум светот во годините што доаѓаат. Сепак, развојот е сè уште во рана фаза, така што најавата не вклучува слики од екранот и клипови. Исто така, компанијата сè уште ангажира одредени експерти кои ќе работат на развој на игри. Дополнително, не е познато дали само мобилните корисници ќе можат да играат едни против други, како што е случајот со Apex Legends Mobile или ќе биде овозможена играњето меѓу платформи како што е понудено од мобилната верзија на Fortnite.
Мобилните верзии на популарните акциони игри може да бидат исклучително профитабилни, а Activision тоа многу добро го знае благодарение на играта Call of Duty: Mobile развиена во соработка со компанијата TiMi Studios, која е во сопственост на Tencent. Гејмерите потрошиле 1,5 милијарди долари на играта од 2019 година.
Warzone ќе се соочи со силна конкуренција бидејќи PUBG: Mobile и Garena Free Fire се многу популарни, а на пат се и Valorant од Riot Games и Battlefield на EA.5.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли