Претходно оваа година, Realme објави дека GT Neo3 ќе го лансира во втората половина на 2022 година, во периодот по месец јуни. Сепак, плановите се променија, па директорот на оваа компанија, Ксу Чи, најави дека GT Neo3 сепак ќе пристигне во март. Тој сподели и нов постер на Weibo кој ни го дава првиот увид во дизајнот на најновиот телефон на неговата компанија.
Како што можеме да видиме, овој мобилен уред има правоаголен модул за камерата за три сензори и блиц. Од другите достапни податоци, знаеме дека Realme GT Neo3 ќе користи процесорско решение Dimensity 8100 и може да има батерија од 4.500 mAh и да поддржува брзо полнење од 150 W, пренесува GSM Arena.
Другите податоци не се официјални, но според TENAA и Geekbench ќе добиеме 6,7-инчен FullHD AMOLED екран, како и читач за отпечатоци под екранот. Сето ова ќе биде заокружено со 8GB или 12GB RAM, како и три можни големини за складирање – 128 GB, 256 GB или 512 GB. Што се однесува до камерите, се очекува главен сензор од 50MP, како и дополнителни сензори од 8MP и 2MP, заедно со селфи камера од 16MP.