Xiaomi следната недела, на 15. март глобално ќе ги претстави своите флегшип модели од серијата 12. Веќе видовме како изгледаат телефоните, а глобалните верзии ќе имаат само помали козметички промени како што се гледа на протечените рендери.
Еве еуште еден поглед на фотографиите, овој пат без водени жигови, благодарение на дојавувачот @SnoopyTech, кои ги пренесува GSM Arena. Типстерот има и информации за цените за Европа за Xiaomi 12 серијата, како и за Redmi Note 11 Pro+ 5G. Овој последниот денес е лансиран во Индија, но не е познато дали пристигнува и во Европа.
Да почнеме со Xiaomi 12 Pro. Според Snoopy, ќе чини 1.100-1.200 евра во зависност од конфигурацијата на меморијата. Mi 11 Pro ја прескокна Европа минатата година, така што не можеме да направиме директна споредба на цените, но новиот Pro не е баш евтин.
Xiaomi 12 ќе пристигне со нешто поразумна цена од 850-900 евра, но тоа е сепак за 100 евра повеќе од цената на Mi 11 минатата година за истата конфигурација на меморијата.
Ако тоа се чини прескапо, Xiaomi 12X е речиси истиот телефон со Snapdragon 870 наместо Snapdragon 8 Gen 1. Тоа е разлика од две генерации во перформансите, но и многу заштедени пари – 12X наводно ќе чини 650-700 евра.
Ова е под претпоставка дека овие цени се точни, но се чини дека се совпаѓаат со гласините од минатата недела.
Што се однесува до Redmi Note 11 Pro+ 5G, тој ќе биде уште поевтин со цена во опсег од 460-500 евра. Во табелата подолу имаме цени за различни мемориски конфигурации.
6/128 GB | 8/128 GB | 12/128 GB | 8/256 GB | 12/256 GB | |
Xiaomi 12 Pro | – | – | €1,100 | – | €1,200 |
Xiaomi 12 | – | €850 | – | €900 | – |
Xiaomi 12X | – | €650 | – | €700 | – |
Redmi Note 11 Pro+ 5G | €460 | – | – | €500 | – |