Дејвид Бенет (57), кој доби генетски модифицирано свинско срце во јануари, почина вчера.
Неговата состојба во последните денови почнала да се влошува, а денеска од болницата каде се лекуваше соопштија дека починал, јавуваат светските медиуми.
Бенет беше првиот пациент кој доби орган од животинско потекло кој беше генетски модифициран за да се спречи отфрлање од човечкото тело. Во моментот на неговата смрт не е идентификувана очигледна причина, а истражувачите планираат да направат детален преглед на неговата смрт и да ги објават резултатите.
Трансплантацијата, иако му даде уште само два месеци живот, значи многу за истражувањето на полето на ксенотрансплантација, за кое се надева дека ќе помогне да се реши недостигот од човечки органи.
До трансплантацијата, Бенет беше врзан за кревет и прикачен на машина за бајпас од октомври 2021 година. Кога дозна дека нема друга опција, се согласи да добие генетски модифицирано свинско срце за кое се надеваше дека ќе му помогне да премости одреден период додека не ги исполни условите за човечко.
Новото срце работеше добро со недели, без знаци на одбивање. Иако беше слаб од лежењето во кревет, тој беше на рехабилитација и можеше да седне и да го гледа Супербоул со својот терапевт, а еднаш дури и пееше.
Поврзани артикли