Пред околу еден месец астрономите открија дека парче безопасен вселенски отпад се движи кон Месечината и ќе удри во неа. Тоа се случи пред неколку дена.

Научниците од американската вселенска агенција НАСА претходно изјавија дека ќе ја набљудуваат Месечината за да забележат потенцијални промени од ударот, но една од најголемите мистерии поврзани со вселенскиот отпад е поврзана со неговото потекло.

Во моментот кога бил откриен се претпоставувало дека станува збор за остаток од ракета на SpaceX која била лансирана во 2015 година. Меѓутоа, оваа информација подоцна била поправена бидејќи било заклучено дека станува збор за остаток од ракета испратена од Кина. Пекинг одрекува дека ракетата е нивна, но многу експерти не се согласуваат со тоа.

Без разлика од каде доаѓа ракетата, ударот во Месечината ќе им понуди на научниците ретка можност да видат како се создаваат кратери на површината на ова вселенско тело.