Постоечкиот HBO GO сервис го замени новиот HBO Max, кој донесува нова апликација, повеќе содржини и нови опции на претплата за новите претплатници.
Од денеска во Македонија и регионот е достапен американскиот стриминг сервис HBO Max, кој на нашиот пазар ќе го замени веќе неколку години присутниот HBO GO. Се работи за многу слична услуга на истиот понудувач, која е достапна како самостојно така и во рамките на пакетите на некои домашни телекомуникациски оператори, а така ќе биде и во иднина. Ако се одлучите за самостојна претплата, HBO Max ќе ве чини 6,99 евра месечно. За оние кои ќе станат нови претплатници до крајот на март, цената ќе изнесува 4,66 евра доживотно.
За разлика од претходникот, HBO Max нуди нешто повеќе содржини, па така на располагање ќе ви бидат каталозите на Warner Bros, HBO, Max Originals production, DC и Cartoon Network.
HBO Max апликациите се веќе достапни на Play Store и App Store, а до сервисот може да се пристапи и преку веб на следниот линк.
HBO Max овозможува истовремено гледање на содржините на три уреди. Секоја претплатничка сметка ќе поддржува креирање до пет профили, што не овозможуваше HBO GO. Филмовите и сериите е можно да се преземе на уредот и да се гледаат без пристап до интернет, а избраните содржини се достапни и во 4К резолуција, без дополнителна наплата.
Поврзани артикли