Apple работи на професионален дисплеј од следната генерација, а најновите извештаи сугерираат дека компанијата ќе претстави 36-инчен панел со резолуција од 7K.
Новиот Apple Studio Display наводно ќе го замени сегашниот Pro Display XDR или ќе биде додаден на постојното семејство на екрани на компанијата. Актуелниот Apple Pro Display XDR има 32-инчен 6K панел, со 218 PPI.
Споменатиот Apple Studio Display би требало да има и прилагоден чипсет, со кодно име „J327“, а се наведува дека се работи за вграден Apple A13 чип.
9to5Mac истакнува дека нивните извори тврдат дека Apple Studio Display и J327 се истиот модел, што значи дека Apple се уште работи на надворешен дисплеј со Apple чип.