Xiaomi Watch S1 беше најавен кон крајот на 2021 година заедно со Xiaomi 12 серијата телефони. Сега пристигна најава за спортската активна верзија на часовникот.
Xiaomi Watch S1 Active ја менува рамката во еден вид хексагонален дизајн. Исто така, двете странични копчиња сега се пониски и со закосени страни. Меѓу нив има и подигнат дел, a сето тоа за да се намали можноста за случајно притискање на копчињата.
Секако, кожените ремчиња исчезнаа, отстапувајќи го местото на (променливите) силиконски. Копчињата се означени како Home и Sport, уште две етикети Active и Outdoors се на другата страна на часовникот.
Оригиналниот S1 часовник има рамка од нерѓосувачки челик, екран од сафирен кристал и водоотпорност од 5 ATM. Сè уште не е јасно како Xiaomi Watch S1 Active ќе се надоврзе на ова за да понуди поголема издржливост.
Големи се шансите Active да биде лансиран на истиот настан на кој серијата Xiaomi 12 ќе биде глобално официјализирана
Вчера беа потврдени европските цени на Xiaomi 12 серијата – стандардниот модел ќе чини 900 евра, 12 Pro ќе чини 1.100 евра, 12X ќе биде поевтина алтернатива од 600 до 700 евра. Глобалната достапност на Xiaomi 12 серијата се очекува да биде објавена на 15. март, иако компанијата официјално не го потврди тој датум.