Гласините околу новиот телефон на Google, достапниот Pixel 6a, велат дека се е подготвено и дека се уште се чека само официјалното претставување.
Тимот на MySmartPrice ја забележа листата на Geekbench која открива некои клучни компоненти, како и ни дава поглед во перформансите.
Листингот открива дека новиот уред сè уште работи со Google Tensor чипсет, исто како и Pixel 6 телефоните.
Има две Arm Cortex-X1 јадра со такт од 2,8 GHz, две Arm Cortex-A76 јадра кои работат на 2,25 GHz и четири енергетски ефикасни јадра со такт од 1,8 GHz.
Листингот исто така прикажува 6 GB RAM и како што се очекуваше, Android 12 како стандард.
Pixel 6a постигна 1050 на тестот со едно јадро и 2833 на тестот со повеќе јадра. Интересно е дека овие резултати се слични на Pixel 6 Pro, што навестува дека Pixel 6a би можел да биде далеку над очекуваната цена.