Вирусот Shark Bot е уфрлен во продавницата на Google Play и предизвикува големи проблеми.
Злонамерниот софтвер Shark Bot го најде патот до продавницата на Google Play во апликација која наводно е антивирусен „чистач“.
Злонамерниот софтвер успеа да го пробие автоматскиот заштитен ѕид на Google и да го најде својот пат до Play Store, и сè уште е таму, и покрај тоа што беше пронајден и пријавен од многу портали.
Апликацијата не е популарна на Google Play Store, но лесно може да се најде на првата страница кога ќе се напише антивирус.
Се вика Antivirus, Super Cleaner и кој ќе ја преземе и инсталира апликацијата може да се збогува со својот оперативен систем.
NCC Group го пронајде малициозниот софтвер и објави детална анализа за него, а Google сè уште не одговорил.
Злонамерниот софтвер Shark Bot може да наштети на различни начини, па дури и да ги украде сите кориснички податоци.
Извор: B92.net
Поврзани артикли