Мини батериите, инспирирани од изгледот на ролни, еден ден би можеле да се користат за напојување биосензори во човечкото тело
Научниците од Технолошкиот универзитет во Кемниц ја развија најмалата батерија на светот. Овој уред би можел да се користи за напојување на мали сензори во човечкото тело, според новиот труд објавен во списанието „Адвенсд енерџи материјалс“.
Swiss-Roll постапка
Голема промена во технологијата за складирање енергија дојде до таканаречениот процес „свис-рол“, инспириран од познатиот десерт. Истражувачите поставија струјни колектори и електродни ленти направени од полимерни, метални и диелектрични материјали на напната водна површина.
Отстранувањето на овие поединечни слоеви може да ја ослободи напнатоста на површината на водата, дозволувајќи им на материјалите да се влечат и да се тркалаат еден околу друг. Научниците го опишаа добиениот уред како „самонамотана цилиндарска микробатерија“.
Примени во биосензорите
Микробатеријата не е поголема од зрно сол; има дијаметар од еден квадратен милиметар и минимална енергетска густина од 100 микроват-часa на квадратен сантиметар. Според авторот на студијата, професорот Оливер Шмит, оваа густина ќе се подобри со текот на времето.
– Постои огромен потенцијал за оптимизирање на оваа технологија и можеме да очекуваме многу посилни микробатерии во иднина – објаснува Шмит.