Научниците ја споделија првата споена слика направена од Џејмс Веб откако тој комплетираше уште две фази од процесот на подредување.
Главното огледало од Џејмс Веб се состои од 18 сегменти, има површина од 25 квадратни метри, а тоа е пет пати повеќе од површината на главното огледало од Хабл. Опсерваторијата е поставена како замена за телескопите Хабл и Спицер и ќе врши опсервации во блискиот и во среден-инфрацрвениот опсек од електромагнетниот спектар, а притоа ќе биде во кружна орбита околу втората Лагранжова точка.
За сликите да имаат висок квалитет, шестоаголниците мора да се лежат стриктно на истата рамна подлога. Ниту еден механички систем за нивно подредување не довел до саканиот степен на подредување сам по себе.
Така, првично, телескопот направи слика од ѕвездата ХД 84406, лоцирана на повеќе од 250 илјади светлосни години оддалеченост – во соѕвездието Голема Мечка.
Телескопот ќе извршува разни задачи, ќе набљудува објекти во раната фаза на универзумот, егзопланети и дискови околу ѕвезди, региони каде што се формираат ѕвезди, нови, и тела од сончеви системи. Bottom of Form.
Извор: Astronomija.mk
Поврзани артикли