Бидејќи USB-C приклучокот го нјде своето место на iPad и Mac уредите, корисниците на Apple го сакаат и на iPhone
Студент по машинско инженерство и роботика од швајцарскиот универзитет EPFL, минатата година вгради USB-C порт во iPhone X. Инженерскиот потфат на младиот Швајцарец ги преплави технолошките портали, а неговото дело набрзо потоа беше продадено на eBay за неверојатни 86.000 долари.
Неколку месеци подоцна, модифицираниот iPhone X послужи како инспирација за словачката компанија DEEP, која успешно инсталираше USB-C порт во флегшип моделот на Apple од минатата генерација, iPhone 12 Pro Max. За заинтересираните, DEEP го сними и го постави целиот процес на изработка на YouTube.
Уредот во целост е оперативен и тестиран. На него без проблеми работи iTunes, може да се поврзе на Mac компјутерите и да се наполни со оригиналниот полнач на Apple со помош USB-C to C кабел или USB-A to C кабел.
Овој iPhone 12 Pro Max заврши на аукција на eBay, па можно е и да се купи. Бидејќи веќе наведениот iPhone X со USB-C приклучок е продаден за вртоглава цена, се претпоставува дека истиот случај ќе биде и со уредот кој вешто го модифицираше DEEP.