Token е биометриски паметен прстен на компанијата Tokenize со кој слободно може да одите на нуркање, а со помош на кој можете да плаќате јавен превоз како со картичка, да отклучувате врати, да го стартувате автомобилот, да се логирате на компјутер.
Ве препознава со помош на сензори за отчитување отпачатоци од прст. Кога ќе го ставите на прст вградениот инфрацрвен оптички сензор проверува дали сте го извадиле или уште го носите. Се додека го носите можете да ги користите сите негови функции, вклучувајќи и плаќање. Кога ќе го извадите мора повторно да отчитувате отпечаток од прст.
Препознава само еден отпечаток од прст. Во него можете да ставите податоци за кредитни картички, кориснички имиња и лозинки и да додавате нови профили со помош на апликацијата. Освен комбинацијата отпечаток од прст и инфрацрвен сензор Token користи безбедносен елемент со сертификат EAL5+. Сигналот што го испраќа со помош на Bluetooth и NFC го перпознаваат повеќе различни уреди.
Од Tokenize проценуваат дека батеријата би можела да трае до три седмици со едно полнење. Прстенот доаѓа со дел за бежично полнење и ЛЕД сијаличка која свети црвено кога батеријата е на 30% од капацитетот. За Token досега имаат поддршка од повеќе партнери, меѓу кои MasterCard, Microsoft, Visa и HID.