Сепак, постојат неколку клучни прашања за начинот и исплатливоста на нивното добивање
Германија е земја на автомобилската индустрија. Некои производители стааваат се на електрификација, но некои сеуште одбиваат да се посветат само на овој проект, односно се обидуваат дополнително да ги диверзифицираат погоните. За разлика, на пример, од Audi, BMW одбива да го прекине развојот на мотори со внатрешно согорување, а исто така, Porsche развива синтетички горива бидејќи јасно гледа дека електричните погони не се компатибилни со некои од неговите модели, како што е легендарниот 911. Германската влада исто така е доста скептична за целосната електрификација.
Германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг изјави дека сака да овозможи развој и продажба на мотори со внатрешно согорување и по 2035 година, кога е крајниот рок за нивно архивирање во историјата – според одлуките на Европската унија. Висинг продолжи да тврди дека тоа ќе биде можно поради синтетичките горива, што ќе го намали јаглеродниот отпечаток на возилата со внатрешно согорување.
„Не можеме да се потпреме само на електрична или водородна мобилност за иднината“, им рекол тој на другите европски министри на неформален состанок во близина на Париз.
Изјавите на Висинг ги одразуваат изјавите на други засегнати владини претставници ширум светот. Електричниот погон се рекламира како ултимативно решение за повеќе начини на транспорт, но има се поголеми проблеми поврзани со овој погон. Недостигот на инфраструктура за полнење е главна пречка, но и соодветно, етичко и еколошко снабдување со метали потребни за производство на батериите за електрични возила. Исто така, постои загриженост дека потешките комерцијални возила не се погодни за електрификација и дека инфраструктурата за уште почисти алтернативи, како што е водородот, е уште поголема логистичка бариера од изградбата на станици за полнење на електрични возила.
Сепак, со синтетичките горива сè уште има неколку клучни прашања. Дали евтините синтетички горива со ниски емисии може да се развијат за доволно краток временски период за да се обезбеди реална алтернатива за целосна електрификација, останува да се види.
Поврзани артикли