Технолошкиот џин најави уште една промена, која ќе ја олесни работата во нивото Workspace опкружување.
Ако сте корисник на Google Workspace, наскоро би требало да останете без класичната услуга Hangouts, а на нејзино место би требaло да пристигне најновиот софтвер на компанијата – Google Chat. Компанијата најави дека Google Chat ќе ја направи основна апликација за допишување веќе од 22. март, што значио дека сите корисници ќе бидат пренасочени на Chat кога ќе пробаат да влезат во Hangouts, преку веб верзијата на Gmail или при обидот да ја користат апликацијата Hangouts.
Преминот од Google Hangouts на Google Chat е најнов чекор во постојано променливата стратегија за размена на пораки на Google, која од ден на ден станува сè позбунувачка. Последната миграција започна во јуни 2020 година и се фокусираше на услугите за допишување интегрирани во Gmail. Сепак, Google Chat не треба да се меша со GChat, неофицијалното име за Google Talk што компанијата го затвори во 2017 година и го замени со Hangouts.
Постоечките разговори во Hangouts ќе се префрлат на Chat, велат од Google.
Промената за која зборуваме моментално ги таргетира само корисниците на Workspace, како и корисниците на G Suite Basic и Business. Со други зборови, се однесува на корисниците кои го користат Google како дел од некоја организација или компанија. Порталот 9to5Google најавува дека промената со време ќе премине и на „обичните“ корисници.