Русија денеска презеде мерки за делумно ограничување на пристапот до Facebook, соопшти руското регулаторно тело за комуникации, информации, технологија и масовни медиуми – Роскомнадзор.
Во соопштението на регулаторот се наведува дека „Генералното обвинителство, во договор со Министерството за надворешни работи, одлучило да ја прогласи социјалната мрежа Фејсбук за вмешана во кршење на основните човекови права и слободи, како и правата и слободите на руските граѓани“, пренесоа руските медиуми.
Според Генералното обвинителство, Facebook незаконски го ограничил ширењето на општествено важни информации за воведените санкции.
Се посочува дека Facebook вчера „неразумно воведе 90-дневни ограничувања на страницата на агенцијата РИА Новости поради наводно ширење лажни информации“, а содржините на четири руски медиуми – Звезде, РИА Новости, Лента.ру и Газета.ру се цензурирани на еден ден.
Поврзани артикли