Мултинационален тим научници подготвен е за тестирање нови соларни панели во Кенија со намера да помогнат во производството на електрична енергија, но и да обезбедат храна.
Претходното помало тестирање траело една година и покажало ветувачки резултати, па сега очекувањата се уште поголеми.
Соларните панели се познати по тоа што имаат можност да го решат проблемот со електрична енергија посебно во оддалечени делови од светот. Но, нивната инсталација бара клучен ресуср, а тоа е земјиште. Со оглед на климатските промени и растечката потреба на популацијата за храна, клучно е да се задржи обработливото земјиште. Сега, новата технологија наречена агриволтаика, овозможува постигнување на двете цели, одгледување хранливи растенија и стварање електрична енергија на исто поле.
Оваа метода на агрикултурата подразбира соларните панели да се постават на обработливо земјиште, но високо над тлото и на поголема оддалеченост, во однос на посевите.
Спротивно на популарното верување дека соларните панели негативно влијаат на растот на билките, тие покажаа подобрено преживување и приноси. Прилината е тоа што соларните панели подобро го контролираат стресот кои Сонцето го предизвикува кај билките, па тие во сенка се подобро заштитени од У-Ве зрачењето и високите температури.
„Гардијан“ пишува дека насадите како зелка, домати и зелени салати одгледувани со процесот на агривотаика во текот на тестниот период во Кенија биле поголеми и поздрави. Освен тоа, забележана е значителна заштеда на вода која инаку би била изгубена поради испарување на земјата, а и поради потребата на билките во региони со недостиг на вода.
Исто така, под панелите можно е да се садат и посеви кои порано не успевале во кенија, а фармерите може да садат и поскапи билки и на тој начин да ги зголемат своите приходи.
Целта на научниците е новата технологија да ја рашират по источна Африка, но и пошироко.
Поврзани артикли