Фрагмент со големина на зрно грав, кој потекнува од метеорит паднат во англискиот град Винчкомб минатата година, е продаден многу поскапо од вредноста на злато со истата тежина.

Станува збор за фрагмент „тежок“ 1,7 грама, а чија цена ги надмина прогнозите и достигна цена од 9.256 фунти. Вториот фрагмент е продаден за 20.000 долари, но неговата вредност во однос грам за грам била помала.

Метеоритот се смета за најважната вселенска карпа некогаш пронајдена во Велика Британија. содржи чиста хемија која потекнува од формирање на Соларниот систем.

Вселенската карпа од Котволд беше ѕвезда на аукцијата во Лондон, а некои фрагменти ја надминаа очекуваната цена.

Куќичката за кучиња, која беше погодена од дел од метеорит и направи дупка на нејзиниот покрив, не ги исполни очекувањата. Се проценуваше дека ќе достигне цена од 2200.000 фунти, но беше продадена за 32.000 фунти.

Самиот фрагмент кој ја проби куќичката беше продаден за 15,700 фунти.

Извор: Klix.ba