Motorola се подготвува за претставување на новиот смартфон, а тоа е Moto G22
G22 наскоро ќе ја види светлината на денот, но точниот датум се уште не е познат. Сепак, рендерот го откри изгледот на овој смартфон, како и некои од неговите спецификации.
Според најновите информации, уредот ќе го покренува Helio G37 процесор, но без поддршка за 5G мрежа. Најавен е 6,5-инчен IPS LCD екран со резолуција од 720 x 1.600 пиксели и брзина на освежување од 90 Hz. Одзади ќе се наоѓа главна камера од 50 MP, а до неа ќе биде ултраширока и макро од 2 MP. Што се однесува до селфи камерата, таа ќе биде сензор од 16 MP сместен во перфориран централно поставен засек на горниот дел од екранот.
Смартфонот ќе се напојува од батерија од 5.000 mAh и ќе нуди 4 GB RAM и 64 GB внатрешна меморија по цена од 200 евра.
Moto G22 наводно тежи 185 грама и користи Android 12, а ќе биде достапен во бела, Iceberg сина и Cosmic црна боја.