NASA во соработка со Италијанската вселенска агенција, пред два месеци започна нова мисија, во рамките на која во вселената беше испратен нов пар „рендгенски очи“, новиот Imaging X-Ray Polarimetry Explorer (IXPE).
Експлозијата се случила пред 340 години
Најновиот уред ни овозможува да гледаме вселенски објекти како никогаш досега, а сцените се зачудувачки. Сликите нудат поглед на Касиопеја А, познатиот остаток од супернова или ѕвезда што експлодирала. Околу остатоците од ѕвездата можат да се видат виолетови облаци од гас кои се формирале кога брановите создадени од експлозијата го загреале околниот гас и на тој начин ги забрзале честичките со висока енергија наречени космички зраци.
„Сликата е прекрасна и со нетрпение очекуваме да ги анализираме податоците од полариметрија за да дознаеме повеќе за овој остаток од супернова“, рече Паоло Софита, главен италијански истражувач за IXPE во Националниот институт за астрофизика во Рим.
Тој објаснува дека леталото носи три телескопи, и иако Касиопеја А претходно била набљудувана со други телескопи, IXPE е дизајниран да открие нови сознанија за некои од најекстремните објекти во вселената, како што се суперновите, црните дупки и неутронските ѕвезди.
Our #IXPE observatory sent back its first science image: Cassiopeia A—the remains of a star that exploded 11,000 light-years from Earth.
The supernova remnant is seen here in X-ray data from IXPE and @ChandraXray: https://t.co/Y9R8RPv2Pa pic.twitter.com/f0nj4BIEvn
— NASA (@NASA) February 14, 2022
Прекрасните остатоци од суперновата Касиопеја А се наоѓаат на околу 11.000 светлосни години од Земјата. Тоа е, лаички кажано, џиновски меур од топол гас и најмладиот познат остаток од експлозија на супернова, која се случила пред 340 години. Светлината на оваа супернова првпат стигнала до Земјата во 1670-тите.
Патот до одговорите на основните прашања од физиката
На оваа слика ѝ претходат податоци од рендгенските зраци направени од опсерваторијата на НАСА Chandra со рендгенски зраци, каде што сè се гледа во сино. Chandra беше лансиран во 1999 година.
„Сликата IXPE на Касиопеја А е исто толку историска како и сликата на Chandra на истиот остаток од суперновата. Ова го покажува потенцијалот на IXPE да добие нови, досега невидени информации за Касиопеја А“, рече Мартин Ц. Вајскопф, главен истражувач на IXPE со седиште во Центарот за вселенски летови Маршал на НАСА во Хантсвил, Алабама.
Користењето на IXPE за проучување на поларизацијата на космичките рендгенски зраци може да им помогне на научниците подобро да ги разберат остатоците од експлодираните ѕвезди, како што се црните дупки и неутронските ѕвезди, нивната околина и начинот на кој тие произведуваат Х-зраци. Оваа перспектива на екстремни космички објекти може да открие и одговори на поголеми фундаментални прашања за физиката.
Извор: Vecernji List
Поврзани артикли