Компанијата од Редмонд ја објави првата голема надградба на својот оперативен систем за оваа година.
Windows на тој начин добива поддршка за Android апликации, редизајниран Notepad и Media Player, како и подобрен Taskbar.
Amazon Appstore преку Microsoft Store, конечно е достапен како „преглед“, но само во САД. Првата група на Android апликации ќе им биде достапна на корисниците на Windows 11.
Microsoft конечно додава повеќе функции на Taskbar. Прво, постои опција за исклучување и вклучување звук на микрофонот.
Постои и интересна опција за споделување на прозорци, наречена AirShare, која ќе се појави како опција Share this window.
Пуштена е и опцијата Weather Widgets во левиот агол на Taskbar. Панелот за виџети се активира кога лебдите над иконата за време.
Повеќе детали за овие и други функции во Windows 11 се достапни на блогот на Microsoft.
Извор: B92.net