Italdesign, кој бил вклучен во развојот на оригиналниот DeLorean DMC-12, е вклучен и во развојот на електричниот модел
Се враќа култната автомобилска икона! Во официјалното соопштение на DeLorean објавено на Twitter се гледа познатата силуета, а во описот стои дека се работи за електрифициран погон, но не е прецизирано кој. Накратко, DeLorean на тој начин би можел да стане „e-Lorean“.
Истото видео го објави и Italdesign, што значи дека во новиот проект е вклучена и легендарната дизајнерска куќа. Очекувано, бидејќи оваа компанија била вклучена и во развојот на оригиналниот DeLorean DMC-12.
Во краткото видео не се дадени конкретни детали, но познато е дека производството ќе започне оваа година.
The Future was never promised. Reimagine today.
Sign up for the premiere of the DeLorean in 2022.
https://t.co/K9n8D1s5uK#DeloreanEVolved#Delorean#Auto#ElectricVehicle#Luxury#BigGame pic.twitter.com/99HsGLCswb— DeLorean Motor Company (@deloreanmotorco) February 13, 2022
Да потсетиме, приказната за подемот и падот на Џон Делореан и неговиот DMC-12 е една од најголемите драми во историјата на автомобилизмот и автомобилската индустрија, дури и драматуршки толку вредна што е снимен филм за неа.
Приказната за брилијантниот инженер од Детроит, кој напуштил шефовска позиција во моќниот General Motors за да се посвети на правење сопствен суперавтомобил, нема среќен крај. Неговите соништа се скршиле за само неколку години под брановите на економски и правни проблеми и го одвеле во целосен банкрот.