Новиот извештај кој доаѓа од Кина сугерира дека Xiaomi е речиси подготвен да го објави развојното решение за полнење од 150 W. Во минатото имаше гласини за оваа технологија, а имаше дури и информации дека телефоните на Realme оваа година ќе имаат поддршка за полнење од 150 W.
Самиот извештај не навлегува во детали и не знаеме кога точно ја очекуваме новата технологија за полнење, но доколку развојот е завршен, веруваме дека на Xiaomi нема да му треба многу време за да ја испорача на пазарот.
Со оглед на тоа што идниот Xiaomi Mix 5 ќе биде пррполн со бројни врвни технологии, сосема е можно да видиме полнач од 150 W во пакет со сета таа идна технологија за која станува збор.