На почетокот од годината во која славиме еден многу значаен јубилеј – „50 години МКЦ“, распишавме конкурс за идејно-графичко решение за визуелно обликување на сите програми и активности што ќе следат низ целата 2022 година.
Намерата беше најискрена: како и многу пати до сега, да ја вклучиме и јавноста, пред сѐ младите автори и преку формат на конкурс да избереме решение, кое сите заедно ќе нѐ обележи, поврзе, обедини и радува.
Но, со оглед на ситуацијата и двојбата што произлезе по објавување на прворангираните решенија, а со цел враќање на позитивната енергија и самиот јубилеј, програмскиот колегиум на МКЦ донесе одлука да не направи избор на идејно решение од апликациите и да го поништи конкурсот.
Би сакале уште еднаш да се заблагодариме и да им честитаме на сите 51 апликант, да се заблагодариме на комисијата и да ви се заблагодариме на сите вас кои имавте трпение да почекате и формално да ги завршиме процедурите на една јавна установа пред да го пренесеме нашиот став.
Следете нѐ деновиве со нови објави за нови настани.
Славењето продолжува!