Американската вселенска агенција NASA објави видео и фотографии од површината на Венера.
Станува збор за материјал собран од соларната сонда Parker во текот на прелетот минатата година. Научниците се надеваат дека првите фотографии од овој вид ќе им помогнат да дознаат повеќе за Сончевиот Систем кој е најсличен на Земјата.
Сондата Parker направи фотографии во текот на два прелета покрај Венера извршени во 2020 година и 2021 година, а ги објави пред неколку дена, заедно со анализа.
„Венера е третата најсветла точка на небото, но досега немавме многу информации за тоа како изгледа нејзината површина бидејќи нашиот поглед е блокиран од густата атмосфера, сега, конечно ја гледаме површината во видливи бранови должини за првпат од вселената“, изјави Брајан Вуд, физичар од лабораторијата Naval Research Laboratory во Вашингтон.
Фотографиите се импресивни, а NASA планира да направи уште снимки кога сондата ќе биде во процес на седмиот и последен прелет во ноември, 2024 година.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли