Nvidia повеќе не е во оптек да го купи ARM за 40 милијарди долари, според соопштението на компанијата SoftBank.
Според информацијата, која првпат ја објави Financial Times, Nvidia ќе му плати на SoftBank 1,25 милијарди долари за неуспешната трансакција. Покрај тоа, извршниот директор на Arm, Сајмон Сегарс ќе поднесе оставка.
SoftBank, кој е сопственик на Arm Division, сега истакнува дека ARM ќе биде понуден јавно, во текот на фискалната година што започнува на 1 април.
Nvidia не ја коментираше оваа информација, па компанијата ниту потврди, ниту демантираше дека пропаднал договорот за купување на ARM.
Од самиот почеток, потенцијалната аквизиција беше под лупа на јавноста, а извршниот директор на Nvidia, Џенсен Хуанг, мораше јавно да ја брани одлуката. Ова беше знак дека аквизицијата ќе трае подолго од очекуваното.
Пред околу две недели, Блумберг извести дека договорот за купопродажба пропаѓа, откако регулаторите од неколку земји изразија загриженост за тоа што може да направи Nvidia доколку го поседува ARM.