Злонамерниот софтвер Brata е малвер кој константно се развива и го вознемирува светот на модерната технологија.
Brata (Brazilian Remote Access Tool Android) првпат беше откриен во 2019. година, кога украде пари од банкарските сметки на корисниците. Во меѓувреме, овој злонамерен софтвер напредна, па сега може да вклучи еден вид прекинувач кој го брише уредот на корисникот, откако ќе ја испразни неговата банкарска сметка.
За постоењето на малверот „Brata“ најпрво беше информиран „Kapersky“, а во текот на 2019-та година софтверот најмногу се симнуваше од „Play Store“. Сепак, беше проширен и од надворешни продавници за апликации, но беше понуден и преку спонзорирани врски, СМС пораки и „WhatsApp“.
Првично, цел беа банкарските сметки на корисниците во Бразил. Сепак, „Brata“ сега им се заканува на клиентите ширум светот. Регионите кои сега се под влијание на „Brata“ ги вклучуваат Европа, САД и Јужна Америка.
Безбедносната компанија Cleafy Labs информира дека Brata се обидува неовластено да префрли пари на банкарски сметки, по што ги враќа уредите на заразениот корисник на фабричките поставки, со што се бришат трагите што ги остава Brata.
Покрај прекинувачот за бришење уреди, Brata 2022 вклучува и систем за следење GPS, при што ги следи банкарските апликации на уредот и многу повеќе.
Извор: B92.net