Ако мислите дека сте виделе се кога станува збор за уникатните концепти за бродови и суперјахти, размислете повторно бидејќи францускиот визионер Ален Тебо има нешто ново.
Тебо ја дизајнираше „првата летачка јахта во светот која работи на водород“, што ќе стане реалност веќе во 2023 година.
Зад проектот стои швајцарскиот стартап Jet ZeroEmission, кој соработува со партнерите Zenith Marine и DWYN за да развие нов брод без емисии. „Летечката јахта“ ќе биде претставена следната година во Дубаи, а нејзиниот прв лет се очекува за време на климатската конференција COP28 во ноември 2023 година, во Обединетите Арапски Емирати.
Неконвенционалната јахта наречена Jet ќе има футуристички, вонземски изглед, а водородните горивни ќелии ќе ги напојуваат електричните мотори кои тивко ќе ја напојуваат јахтата. Овие водородни горивни ќелии ќе генерираат електрична енергија со мешање на водород и кислород.
Јахтата ќе биде долга 10 метри и ќе нуди доволно простор за 13 луѓе, вклучувајќи го и капетанот.
Она што ја издвојува оваа јахта од другите суперјахти на пазарот е тоа што ќе може да „лета/плови“ над површината на водата.
Јахтата ќе се одржува над вода благодарение на хидроглисерите, кои всушност се лопатки налик на крила, сместени под палубата и кои ја „сечат“ водата додека јахтата забрзува, со што таа се подигнува. Оваа функција е многу слична на функцијата на крилјата на авионот. Овие хидроглисери можат да ја подигнат јахтата до 0,9 метри над водата, а дополнително нудат поудобно пловење без отпор во споредба со стандардните јахти.
Јахтата Jet ќе биде опремена со автоматски софтвер кој овозможува лесна контрола на брзината и надморската височина. Швајцарската компанија тврди дека ќе може да достигне брзина од 74 км/ч.