Како компанија посветена на обезбедување целосно дигитално корисничко искуство, А1 Македонија континуирано работи на унапредување на функционалностите на дигиталните алатки достапни за корисниците и со задоволство најавува нова функционалност на апликацијата Мојот А1.
Од денеска, апликацијата Мојот А1 е збогатена со Дигитален техничар преку кој корисниците добиваат можност за брза асистенција и решавање на евентуални потешкотии со фиксни услуги. Функционалноста Дигитален техничар е достапна преку апликацијата Мојот А1 и веб порталот на А1 Македонија и тоа 24 часа, седум дена во неделата.
Дигиталниот техничар со голема брзина дава насоки и им нуди на корисниците чекор-по-чекор инструкции за едноставно и брзо решавање на евентуални потешкотии поврзани со интернет, телевизија и фиксен телефон без да имаат потреба да се јават во Контакт центарот. Пристапот до новата функционалност е едноставен, со влегување во апликацијата Мојот А1 и клик кон новата функционалност Дигитален техничар. Дополнително, услугата дава можност и за проверка на сите функционалности на фиксни услуги и поврзани уреди, односно активирани ТВ пакети и дава можност за менување на поставки на Wi-Fi мрежата. Преку услугата, корисниците добиваат можност и да пријават потешкотија, доколку Дигиталниот техничар не може да ја реши со што се скратува времето од пријавување до техничка интервенција.
Дигиталниот техничар е достапен за А1 корисници кои користат фиксни услуги, а можат да пристапат преку мобилната апликација Мојот А1, достапна на Google Play, App Store и App Gallery, како и преку официјалната веб страница во делот A1 Guru на следниот линк.
Поврзани артикли