Vivo T1 5G само што не е објавен, а официјалниот датум на лансирање е веќе одреден за 9 февруари, во Индија. Веќе знаеме речиси сè што треба за претстојниот уред, вклучувајќи го и неговиот дизајн и спецификации. Сепак, со нетрпение очекуваме било какви нови информации, посебно ако се работи за снимки во живо од необјавен телефон, како и некои рани примероци од камерата.
Доаѓаат благодарение на дојавувачот @ishanagarval24 и претставуваат прилично убав уред со меки бои на задната страна и нежен засек за селфи во облик на капка на предната страна.
Vivo очигледно веќе испрати медиумски примероци до некои луѓе во Индија и дозволи тивка објава, што е одлично за публицитетот и како најава за тоа што доаѓа за неколку дена. Како што вели еден од нив во својот твит: „Од страна на перформансите, ова ќе биде супер одличен уред кога станува збор за можностите на камерата“.
T1 5G навистина не е истиот уред како vivo T1 или T1x кои веќе се наоѓаат во Кина. T1 5G има послаб чипсет од двата – Snapdragon 695. Другите спецификации на T1 5G вклучуваат LCD екран од 6,58 инчи со FHD+ резолуцијам, 120 Hz стапка на освежување, 4/6/8 GB LPDDR4X RAM, 128 GB UFS 2.2 меморија, батерија со можност за полнење од 5.000 mAh, како и странично монтиран читач за отпечатоци, вграден во копчето за вклучување, но и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.
Што се однесува до камерите, T1 5G има тројна поставка – главната е 50 MP плус два сензори од 2 MP, веројатно едниот за снимање во длабочина, а другиот за макро фотографирање. На страната на селфи камерата се наоѓа камера од 16 мегапиксели. На хартија се работи за прилично солидна поставка на камерите, посебно за уред кој се очекува да чини под 235 евра. За повеќе фотографии посетете ја GSM Arena.