По неколку информации објавени во јануари, сега се откриени сите детали за претстојниот уред на компанијата Oppo кој пристигнува и на европскиот пазар.
Станува збор за Oppo Find X5 Pro моделот, кој се напојува со Snapdragon 8 Gen 1 процесор. Уредот има графички чип Qualcom Adreno 730, 12GB RAM и 256GB внатрешна меморија. Исто така, информациите велат дека има 6,7-инчен AMOLED екран со резолуција од 3.216 x 1.440 пиксели и брзина на освежување од 120Hz. Уредот се напојува со батерија од 5.000 mAh која поддржува брзо полнење од 80 W.
Однапред се наоѓа селфи камера од 32 MP, додека одзади три, главна од 50, ултраширока од 50 и телефото камера од 13 MP. Исто така, на задната страна е напишано „Powered by MariSilicon X“, што се однесува на NPU, односно единица на невронска мрежа која е еквивалентна на вештачката интелигенција и се користи за обработка на големи количини на податоци за вештачка интелигенција.
Цените се уште не се потврдени, но се очекува Oppo Find X5 Pro да чини 1.200 евра во Европа.
Гледајќи ги спецификациите, Find X5 Pro потсетува на OnePlus 10 Pro, што има смисол со оглед на тоа што OnePlus минатата година објави дека Oppo станува негов подбренд. OnePlus 10 Pro се појави на кинескиот пазар во јануари, а се очекува на американскиот и европскиот пазар. Има и Snapdragon 8 Gen 1 процесор, 6,7-инчен екран и поддршка за полнење од 80W. Како и OnePlus 10 Pro, Find X5 Pro треба да има и камери развиени во партнерство со шведскиот производител на камери, Hasselblad.
Поврзани артикли