Компанијата Amazon ја стопирала контроверзната маркетинишка кампања во која плаќала работници да твитуваат за тоа колку ја сакаат компанијата, пишува Financial times.
Работниците во складиштата на најголемиот интернет продавач биле платени да шират позитивни импресии за компанијата и да ја демантираат широко распространетата приказна за проблемите на работното место – како тоа дека вработените се принудени да уринираат во шишиња за да го постигнат бараниот резултат, пренесува The Verge.
Според интерните документи кои ги објавил “The Intercept” минатата година, кампањата била лансирана уште во 2018. година, како одговор на лавината критики во врска со условите за безбедност на работното место во Amazon. Работниците се селектирани според нивната “голема смисла за хумор” и кажано им е да им одговараат “учтиво и едноставно” на критичарите на компанијата, вклучувајќи и службеници и политичари.
what i love about those Amazon FC Ambassador accounts is how some exec at Amazon thought forcing their employees to tweet about how much they love serving their corporate masters would make Amazon look normal and good, and not at all like an evil corporation in a dystopian novel
— Existential Comics (@existentialcoms) August 16, 2019
Во типичен твит, работник би одговорил на критичар велејќи: „Работам во Amazon на прием на нарачки веќе две години. Зарем мислите дека ќе седев таму да не бев соодветно платен? Имам полн пакет бенефиции. И ги сакам луѓето со кои работам. Да – ми оди како што треба“.
Работниците на Amazon биле препознатливи на Twitter благодарение на ознаката “Amazon FC Ambassador“” која се појавувала по нивните имиња. Но, точниот идентитет или број на “амбасадорите” никогаш не се утврдени. Според едно истражување пронајдени се најмалку 53 активни профили на Twitter, но забележано е дека корисниците употребувале слични изрази, твитови и фотографии, па дури и ги менувале меѓусебно профилите, создавајќи непрегледни и преклопени идентитети.
На многумина тоа им делувало премногу извештачено за да биде сфатено сериозно, па тие профили брзо станувале предмет на критики и исмејување. Не помогнал ни фактот дека секој можел себеси да се нарече амбасадор на Amazon на Twitter, па наскоро се појавиле и пародии на таа тема.
„Сосема е бизарно што Amazon ги терал вработените да седат цело работно време и да лажат за луѓето кои ги вработуваат. Освен тоа, целата стратегија беше толку хаотична, што не можеше да биде ефикасна“, рекол еден сопственик на популарен пародиски профил на Twitter за The Verge.
Реакциите на луѓето изгледа конечно допреле до одговорните во Amazon, бидејќи, како што известува FT, високите службеници во компанијата се незадоволни од слабиот резултат на кампањата, па како резултат на тоа компанијата ги отстранила сите траги на таа маркетинишка кампања кон крајот на минатата година.