Гласините за новиот уред Vivo NEX беа прилично спорадични, но во последно време се повеќе се шират, со неколку информации за NEX 5 од минатиот месец. Последно што слушнавме беше дека NEX 5 треба да има камера под екранот, како што е APEX 2020 концептот, голем екран од 7 инчи или 6,78 инчи, четирикратно заоблен екран и безжично полнење од 40 или 50 W. На мрежите денеска се појави нов рендер од како што се тврди, Vivo NEX 5.
Да не биде само рендер, без придружни информации, се споменува и февруари 2022 година, веројатно како прозорец за лансирање на уредот. Треба да се напомене дека според претходните информации, NEX 5 требаше да биде објавен во втората половина на 2021 година, па ова треба да се земе со доза на резерва.
Во секој случај, самиот рендер јасно покажува дека не се работи за четирикратно заоблен дизајн, туку има потрадиционален екран закривен од двете страни. Уредот на фотографијата очигледно има традиционална, а не селфи камера под екранот.
На задната страна, јасно може да се види текстот „50MP GN1“, што е референца за 1,2 mm 50 MP сензорот за камера ISOCELL GN1 на Samsung. Може да се види и телефото камерата во стилот на перископ во долниот десен агол. Претходните гласини сугерираа дека овој смартфон ќе нуди 5x оптички зум благодарение на заедничкиот напор помеѓу vivo и Zeiss, партнерство кое беше воспоставено во 2020 година.
Сè уште нема официјално споменување на NEX 5 од компанијата Vivo, а се уште нема ни повеќе детали за хардверот, пренесува изворите за GSM Arena.
Поврзани артикли