BlackBerry во еден момент беше една од најважните компании во сегментот на смартфоните. Меѓутоа, денес компанијата е само лиценцирано име и збирка на разни патенти.
Токму група такви патенти на BlackBerry ги купи компанијата Catapult IP Innovations за 600 милиони долари.
Компанијата собра средства преку заем од 450 милиони долари, со ветување дека ќе ги исплати преостанатите 150 милиони долари во наредните години.
Интересно е што Catapult IP Innovations е сосема нова компанија, без никакви производи за продажба. Можно е дека планот на компанијата ќе биде да ја тужи секоја можна ИТ компанија за да добие надомест за лиценцирање на BlackBerry патенти.
Како дел од овој договор, сите патенти на BlackBerry кои се однесуваат на мобилни уреди, пораки и безжични мрежи ќе станат сопственост на новата компанија.
Иако BlackBerry ги продава своите патенти, на компанијата ќе и биде одобрена лиценца за нивно користење, откако договорот ќе биде раскинат.
Поврзани артикли