Шведската влада одобри нов план за управување со нуклеарниот отпад и гориво, а кој подразбира изградба на систем за складирање на многу радиоактивно нуклеарно гориво на безбеден начин во наредните 100.000 години.
Планот на компанијата SKB е исклучително важен бидејќи нуклеарната енергија е моќна форма на енергија која овозможува производство на чиста енергија. Но, отпадот станува многу опасен, па токму затоа и нуклеарната енергија не е баш популарна.
Се проценува дека постојат околу 370.000 тони потрошено нуклеарно гориво во привремените складишта низ светот, а сега шведската влада одобри план со кој компанијата СБК може безбедно да чува радиоактивен отпад во следните 100.000 години.
„Ова е историска одлука која на компанијата и овозможува да го чува нуклеарниот отпад создаден од нашите генерации. Одлуката е дочекана со одобрување, сега имаме намера да ги имплементираме најголемиот шведски проект за заштита на животната средина“, изјави Јохан Дашт, директор на компанијата SKB.
Проектот на оваа компанија се развива веќе 40 години, а на него соработуваат експерти од универзитети, истражувачки институти и образовни институции од Шведска и светот. Проектот детално е анализиран од шведската агенција за безбедност и радијација, како и од судот за земјиште и средина, за да се гарантира безбедноста за човекот и неговото опкружување.
Новиот проект подразбира изградба на систем и отворање на 1.500 нови работни места. SKB сега го чека завршувањето на процесот на лиценцирање за да ги добие потребните дозволи.
По тој процес ќе бидат потребни 10 години за изградба на складиштето.
Иако Швеѓаните уште во 1980 година изгласаа напуштање на нуклеарната енергија, нивниот став очигледно е променет, па нуклеарната енергија се смета за клучен чекор во ставање крај на зависноста од фосилни горива.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли