Новиот телефон на TCL од влезниот сегмент пристигнува и во Европа. TCL 305 е уред со Android 11 (Go Edition) кој има Helio A22 чипсет, 6,52-инчен LCD екран и батерија од 5.000 mAh. Доаѓа во вселенско сива и атлантска сина боја и ќе се продава по цена од 205 евра.
TCL 305 располага со 6,52-инчен IPS LCD екран со HD+ резолуција и засек во форма на капка на горниот дел за неговата селфи камера од 5 MP. Одзади има примарна камера од 13 MP, макро камера од 2 MP и сензор за длабочина од 2 MP. Има и капацитивен скенер за отпечатоци.
Смартфонот доаѓа со само 2GB RAM и 64GB простор за складирање, кој може дополнително да се прошири преку слот за microSD картички. Софтверската страна е покриена со Android 11 (Go Edition) со TCL кориснички интерфејс, додека батеријата од 5.000 mAh поддржува полнење од 10V. Деталите за достапноста допрва треба да бидат потврдени.