Благодарение на паметниот телефон Gionee 13 Pro, кинеските корисници кои не можат да си го дозволат популарниот iPhone 13 ќе можат барем да купат уред кој наликува на него.
Кинескиот производител на паметни телефони Gionee го претстави својот нов смартфон кој на корисниците ќе им обезбеди атрактивен дизајн на iPhone 13 за само околу 80 долари.
Gionee 13 Pro има 6,26-инчен LCD HD+ екран со карактеристичен засек на врвот и предна камера од 5 MP, која исто така се користи за отклучување на телефонот, бидејќи нема сензор за отпечатоци.
На задната страна има систем со двојна камера од 13 MP, кој очигледно е направен слично како оној на iPhone 13. Gionee 13 Pro го покренува прилично непознатиот Unisoc T310 SoC, кој ја виде светлината на денот во 2019 година.
Првичната верзија на кинескиот iPhone 13 доаѓа со 4 GB RAM и 32 GB простор за складирање, додека најмоќната доаѓа со исто толку RAM, но 128 GB внатрешна меморија. Има и батерија од 3.500 mAh која може да се полни со помош на USB-C приклучок, но без поддршка за брзо полнење, што со оглед на цената е сосема очекувано.
Треба да се напомене дека софтверот на уредот ќе се базира на HarmonyOS и ќе доаѓа во четири бои – сина, златна, виолетова и црна. Според Gizmochina, телефоните на Gionee со години не влегуваат на светскиот пазар, па веројатно и овој нема да влезе.
Поврзани артикли