Комерцијалната вселенска компанија SpaceX планира да изврши до 52 лансирања оваа година, беше потврдено на безбедносната табла на американската вселенска агенција NASA.
Доколку сите мисии бидат успешни, тоа ќе биде нов рекорд по бројот на лансирања за една година за SpaceX. Минатата година компанијата направи 31 лансирање.
SpaceX е главен партнер на NASA во полето на вселенски летови. Компанијата е одговорна за испраќање на астронаути и товар на NASA до Меѓународната вселенска станица, а тоа го прави со помош на вселенското летало Crew Dragon. SpaceX моментално ја развива следната генерација на ракетен систем наречен Starship, чија задача ќе биде да носи луѓе на површината на Месечината, како дел од програмата Artemis на NASA.
Покрај тоа, SpaceX има други клиенти и повремено врши лансирање за поединечни компании, меѓународни клиенти, Министерството за одбрана на САД и други. Исто така, оваа година ќе направи добар дел од лансирањето за свои потреби, бидејќи во моментов развива сопствена констелација на интернет сателити наречена Starlink. Таа констелација вклучува илјадници сателити во ниската и средната орбита на Земјата со задача да ја „покријат“ целата планета со Интернет. На секои неколку недели, SpaceX лансира 50 до 60 сателити Starlink.
Сепак, плановите и роковите се предмет на промена. Основачот и директор на компанијата SpaceX, Eлон Маск, најави 48 лансирања за 2021 година, а отпуштени се само 31. Оваа година беа направени три лансирања.