OnePlus Nord 2 наскоро може да ги добие наследникот наречен OnePlus Nord 2T. Се предвидува дека уредот ќе го има новонајавениот чипсет MediaTek Dimensity 1300 – надградба во однос на Dimensity 1200, а се шпекулира и дека ќе донесе брзо полнење од 80 W, исто како и OnePlus 10 Pro.
Уредот ќе ја има истата батерија од 4.500 mAh и 6,43-инчен екран од 90 Hz како и Nord 2, додека OxygenOS 12 базиран на Android 12 се очекува да ја покрива софтверската страна. Одделот за камера се очекува да донесе главен сензор од 50 MP, покрај ултраширокиот сензор од 8MP и помошен модул од 2MP. Се шпекулира дека OnePlus Nord 2T ќе пристигне некаде во февруари, но деталите се уште се прилично оскудни.
Исто така, се шпекулира дека OnePlus ќе го лансира новиот Nord CE2 5G (познат како Nord 2 CE) кој наводно ќе пристигне на 11. февруари. Се вели дека уредот има многу заедничко со Oppo Reno7 SE 5G, вклучувајќи 6,43-инчен AMOLED 90Hz екран, Dimensity 900 чипсет и батерија од 4.500 mAh со полнење од 65W.