Австралиските научници тврдат дека откриле непознат ротирачки објект во нашата галаксија и истакнуваат дека станува збор за нешто досега невидено.
Објектот, кој прв го открил студент од австралискиот универзитет Куртин, е специфичен по тоа што на секои 18 минути емитува огромна количина енергија.
Како што пренесува “BBC”, објектите кои пулсираат енергија релативно често се забележуваат во вселената, меѓутоа во овој случај станува збор за објект кој пулсира цела минута, што е крајно невообичаено.
Овој необичен објект го открил студентот Тајрон О’Дохерти, користејќи телескоп и нова техника која самиот ја развил.
Студентот е член на тимот радиоастрономи кој го води астрофизичарката Наташа Харли-Вокер, во рамките на Меѓународниот центар за истражување во радиоастрономијата (ICRAR).
„Пулсот енергија се појавуваше и исчезнуваше со часови во текот на нашите опсервации“, рекол О’Дохерти во соопштението за медиумите во кое “ICRAR” ја известил јавноста за откритието.
Во соопштението се додава дека тоа било сосема неочекувано, бидејќи ништо друго што им е познато не се однесува на тој начин.
Објектот кој е “вклучен” цела минута е многу чуден, рекла Џема Андерсон од “ICRAR” во соопштението за медиумите.
“ICRAR” наведува дека објектот се наоѓа на околу 4.000 светлосни години од Земјата, многу е сјаен и екстремно силно магнетно поле.
Извор: Politika.rs