Американската компанија Boom е чекор поблиску до целта за „оживување“ на суперсонични летови, откако објави план за изградба на производствена фабрика на меѓународниот аеродром „Педмеонт Триад“ во Северна Каролина.
Кога фабриката ќе биде изградена, до 2030 година ќе бидат вработени околу 1.750 луѓе, кои ќе работат на производството на претстојниот суперсоничен авион Overture. Компанијата Boom се надева дека авионот ќе почне да превезува патници до 2029 година, а изградбата на самата фабрика треба да почне оваа година. Потоа се очекува производството на авиони да почне во 2024 година, а првиот треба да биде готов во 2025 година и да полета во 2026 година.
Фабриката ќе произведува авиони за компании како Japan Airlines, United Airlines и други. „Јунајтед ерлајнс“ минатата година објави дека ќе купи 15 авиони „Overture кога авионот ќе ги исполни безбедносните и оперативните стандарди. Според договорот, Јунајтед последователно ќе купи дополнителни 35 авиони.
Boom тврди дека Overture ќе донесе револуција во комерцијалната авијација, ќе може да достигне брзина од 1,7 маха, а летот помеѓу Сан Франциско и Токио ќе трае околу шест часа. Тој лет со денешните авиони трае 11 часа.
Покрај тоа, Overture ќе биде авион кој ќе користи 100 проценти одржливо гориво.
Поврзани артикли