- Премиера во Opel: Системот Night Vision, базиран на камера, дебитира во новиот Grandland
- Рано детектирање: До 100 метри со инфрацрвена визија
- На прв поглед: Целосните функции на Night Vision и предностите прикажани во кратко видео
- Двојна безбедност: Night Vision и IntelliLux LED® Pixel светла ја претвораат ноќта во ден
Новиот Opel Grandland е опремен со најсовремени технологии и системи за помош при возење кои го прават возењето поудобно, полесно и пред сѐ побезбедно. Една од овие технологии што посебно „сјае“ сега во зима кога е темно и видливоста е послаба е “Night Vision”. Новиот SUV предводник, кој е достапен и како моќен и ефикасен plug-in хибрид, е првиот модел на Opel што го има системот “Night Vision”. Како и прилагодливите IntelliLux LED Pixel светлата, им помага на возачите на Grandland да ги забележат луѓето и животните неколку моменти порано. Двата системи ја претвораат ноќта во ден и ја зголемуваат безбедноста на сите учесници во сообраќајот во самрак и во темница.
Opel визирот со Night Vision и IntelliLux LED® Pixel светла
Новиот Opel Grandland комбинира елегантен, храбар дизајн со врвни технологии. Не само што новото лице на брендот Opel визирот, веднаш привлекува погледи, туку и паметно интегрира иновативни системи, правејќи ги практично невидливи за голо око и на тој начин беспрекорно обединувајќи го дизајнот и технологијата.
Еден од нив е системот “Night Vision” базиран на камера, кој ја слави својата премиера во Opel Grandland. Видеото на YouTube покажува како функционира системот “Night Vision” и предностите што ги нуди за нешто помалку од една минута.
Инфрацрвената камера сокриена под Opel визирот го прави возењето ноќе побезбедно, особено на лошо осветлени патишта како што се селските патеки или во шума. “Night Vision” системот детектира луѓе и животни до 100 m, врз основа на нивната температурна разлика од околината.
Штом камерата ќе детектира пешак, велосипедист или животно на страна на патот, ја покажува нивната позиција во 12“ информативен центар за возачот во дигиталната пилотска кабина Pure Panel.
Лицето или животното пред возилото се означени во боја, јасно се разликуваат од околината. Со овој систем (кој во Германија е достапен за моделите со Ultimate и Business Elegance ниво на опременост) возачите на Grandland можат да препознаат потенцијално опасна ситуација неколку моменти порано и да ја прилагодат својата брзина или да преземат заобиколни активности навреме.
“Night Vision” системот е достапен во новиот Grandland во комбинација со прилагодливите IntelliLux LED® Pixel светла. Исто така, интегрирана зад Opel визирот, пионерската технологија за осветлување со 168 LED елементи – 84 по предно светло – обезбедува беспрекорна адаптација на светлосниот зрак според ситуацијата при возење и околината, без при тоа да се прави отсјај за да не се заслепат другите учесници во сообраќајот. Матричната функција прецизно го исклучува светлосниот зрак за сообраќајот од спротивната страна во милисекунди, додека другите области остануваат целосно осветлени со долгото светло.
Заедно, двата система обезбедуваат двојна безбедност, претворајќи ја ноќта во ден и обезбедувајќи релаксирано возење во секое време, дури и при неповолни светлосни услови.
(ПР текст)
Поврзани артикли