Ракетата на Eлон Маск, Falcon 9, која беше лансирана во февруари 2015 година, поради недостиг на гориво, место на Земјата ќе падне на Месечината. „Фалкон 9“ е првата ракета која беше лансирана да ги истражува длабочините во вселената.
Таа патуваше во вселената повеќе од 6 години, а се очекува да се сруши на површината на Месечината на 4 март. Се проценува дека ракетата ќе падне на Месечината со брзина од 2,58 километри во секунда. Научниците веруваат дека ракетата веројатно ќе се судри со подалечната страна на Месечината, во близина на екваторот.
Професионалците и аматерите астрономи сакаат да ја одредат локацијата на ударот колку е можно попрецизно за лунарниот орбитер на NASA „Чандарајан 2“ на Индиската организација за истражување на вселената да може да го пронајде кратерот и да го фотографира.
За таа цел се користи астрономски софтвер за следење на објектот во близина на Земјата, астероидот, малите планети и кометите.
Инаку, научниците веќе подолго време ја набљудуваат површината на Месечината за да го изучат присуството на ледот на Месечината на половите. Ударот на ракетата Falcon 9 може да им даде некои драгоцени податоци за подземниот материјал на Месечината.
SpaceX ја ланираше ракетата Falcon 9 во февруари 2015 и го постави сателитот Deep Space Climate OBservatory DSCOVR на гравитационо неутрална позиција во директна линија со Сонцето која е оддалечена околу 1,500.000 километри од Земјата.
Задачата на климатската опсерваторија е благовремено да ги обезбеди предупредувањата за геомагнетните бури кои би можеле да го пореметат животот на Земјата, пренесува меѓународен Sputnik.
Поврзани артикли