Флексибилниот уред Oppo Find N беше подложен на тест на издржливост од познатиот YouTube канал – JerryRigEverything
Благодарение на Зак од „YouTube каналот JerryRigEverything, имаме можност самите да се увериме во издржливоста на флексибилниот смартфон Oppo Find N.
Надворешниот екран на смартфонот има фабрички додадена заштита, додека стаклото е Gorilla Glass Victus и се гребе од шестото ниво на Мосовата скала, со подлабоки засеци на седмото ниво.
Кога станува збор за внатрешниот екран, ситуацијата е нешто поинаква. Флексибилните екрани се помеки од стандардните дисплеи, така што на второто ниво се појавуваат постојани гребнатини.
Рамката на телефонот е изработена од метал, вклучувајќи ги и копчињата за јачина на звук. Задниот дел е изработен од стакло со текстура, додека сензорите на камерата исто така се заштитени со стакло и се отпорни на гребење.
Oppo Find N без проблем го помина тестот за палење на екранот со запалка, а потоа дојде редот на тестот за прашина. Откако беше фрлен грст песок на внатрешниот екран и насилно беше затворен неколку пати, штетата беше помала од очекуваната, а шарката не дозволуваше да помине ниту една честичка.
Конечно, телефонот беше подложен на тест за свиткување. Структурата и шарката на Oppo Find N се прилично силни. Зак не успеа да го свитка (или скрши) телефонот ниту во затворен, ниту во отворен формат. Покрај тоа, структурата на телефонот не беше променета.
Oppo Find N моментно е достапен само во Кина, а се очекува да биде претставен и глобално. Доколку тоа се случи, би претставувал сериозна конкуренција на Galaxy Fold 3 моделот на Samsung.
Поврзани артикли